Стево Пендаровски прогласи 30 дневна вонредна состојба во Македонија

Стево Пендаровски прогласи 30 дневна вонредна состојба во Македонија

Претседателот на државата, Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба на цела држава.

Ова е прв пат Македонија да прогласи вонредна состојба.

Претседателот рече дека одлуката ја донел поради сложената ситуација и со цел спречување од ширење на коронавирусот.

„Владата ќе продолжи да функционира како техничка и тоа е одлична можност партиите да покажат дека единствена цел е здравјето на луѓето“, потенцираше Пендаровски.

Со ова одложени се и предвремените парламентарни избори, а нивното одржување засега е неизвесно.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds