Стигна потврда: Македонија од вториот шешир ќе ги чека ривалите за СП 2023

Стигна потврда: Македонија од вториот шешир ќе ги чека ривалите за СП 2023

Македонската репрезентација се пласира на осмото Светско првенство во својата историја. Ждрепката за групната фаза е закажана на втори јули, а нашиот национален тим ќе чека противници од вториот шешир.

На турнирот кој ќе се одржи во Шведска и Полска ќе настапат 32 репрезентации. Досега се познати 24 сигурни учесници, а листата ќе биде комплетирана во втората половина од јули.

ШЕШИР 1: Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија, прв претставник од Африка
ШЕШИР 2: Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Црна Гора, Македонија
ШЕШИР 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Чиле, втор претставник од Африка, трет претставник од Африка
ШЕШИР 4: Уругвај, Иран, Јужна Кореја, четврти претставник од Африка, петти претставник од Африка, претставник од Северна Америка, вајлд-карта 1, вајлд-карта 2
Мундијалот ќе се одржи од 11-29 јануари, 2023 година. Титулата од пред две години ќе ја брани репрезентацијата на Данска.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds