Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“

 Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“

Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информираат од Министерството за здравство.


Станува збор за 10.530 дози од вакцината, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид-имунизација.


Вакцините ќе бидат чувани во специјалните фрижидери кои постигнуваат температури под -70 степени, што државата ги набави во јануари токму поради вакцината на „Фајзер“, која мора да биде складирана под посебни услови.

>
>