Стојанчо Арнаудоски избран за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга

 Стојанчо Арнаудоски избран за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга

Советот на јавни обвинители денеска го избра Стојанчо Арнаудоски за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга. Тој е избран со девет гласови „за“, а другите двајца кандидати Џемал Лога и Благоја Даскалоски добија два, односно четири гласа „за“.

Огласот за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга беше објавен во Службен весник на 05.10.2010 година. Како што соопштија од Советот на денешната седница, на огласот се јавиле тројца кандидати. Комисија составена од три члена ги разгледала нивните пријави, заклучувајќи дека сите тие ги доставиле потребните документи и сите имаат непрекинат работен стаж од најмалку шест години.

Инаку, Лога има стаж како обвинител од 8 години, Даскалоски е со стаж од 30 години, а Арнаудоски пак, со деветгодишен стаж како обвинител.

Извор:ММС

>
>