Столтенберг: Потребна ни е силна и подготвена германска армија

Столтенберг: Потребна ни е силна и подготвена германска армија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја повика Германија да продолжи да ги зајакнува своите вооружени сили, во услови на изменета безбедносна средина.

„Одлуката на Германија за значително зголемување на трошоците за одбрана е историска со инвестиции во нови борбени авиони, хеликоптери, бродови и подморници“, рече Столтенберг пред учесниците на безбедносната конференција во Берлин..

„Ова е навистина пресвртница, која ја одразува нашата променета безбедносна средина“, рече тој алудирајќи на руската војна против Украина.

„Потребен ни е силен и подготвен Бундесвер. Тоа е важно за безбедноста на Германија, важно е за безбедноста на Европа и важно е за глобалната безбедност“, рече Столтенберг кој исто така ја истакна важноста на одбранбената индустрија во Германија.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Украина, генералниот секретар на НАТО повика да се продолжи и да се засили поддршката.

„Не треба да ја потценуваме Русија. Руските проектили и беспилотни летала продолжуваат да паѓаат врз украинските градови, цивилите и критичната инфраструктура, предизвикувајќи огромно човечко страдање со почетокот на зимата“, рече тој.

Столтенберг ја поздрави финансиската, хуманитарната и воената помош на Германија за Украина, велејќи дека таа прави разлика на бојното поле.

Тој ја искористи можноста да го повтори својот повик да се застане на патот на авторитарните режими како Русија.

„Не може да има траен мир ако победи агресорот, ако угнетувањето и автократијата надвладеат над слободата и демократијата. Така, најдобриот начин да се поддржи траен мир е да се поддржи Украина“, рече првиот човек на Северноатлантската алијанса. (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy