СТРАОТНИ СЦЕНИ ОД НАПОЛИ: Огромна дупка се отвори на паркингот од болницата

 СТРАОТНИ СЦЕНИ ОД НАПОЛИ: Огромна дупка се отвори на паркингот од болницата

Голема дупка се отвори на паркингот во болницата Понтичели, во источната периферија на Неапол. Никој не беше повреден во необичниот настан, иако некои автомобили завршија во огромниот огромната дупка кохја се создаде.

Некои сведоци, велат дека се слушнал силен звук, а потоа пропаднал патот, нагласувајќи дека првично сè им изгледало како експлозија.

Италијанските медиуми пишуваат дека инцидентот е можеби предизвикан од проблем со подземните цевки за кислород. Ковид центарот беше веднаш евакуиран.

Поради експлозијата, прекинато е снабдувањето со електрична енергија, но болницата се напојува со генератори кои гарантираат нормално функционирање.


Звукот се слушнал помеѓу 6:30 и 6:45 часот во паркинг зоната на болницата, а експлозијата предизвикала отворање на огромна дупка од околу 2.000 метри квадратни и длабочина од околу 20 метри.

>
>