Страшна бура беснее во САД – верижни судари, има загинати и повредени (ВИДЕО)

 Страшна бура беснее во САД – верижни судари, има загинати и повредени (ВИДЕО)

Околу 70 милиони Американци се наоѓаат среде монструозна бура која донела снег и врнежи на источното крајбрежје. Се очекува виисната на снежната покривка да достигне и два метри, дувајќи силен ветер, а можно е да врне и замрзнат дожд, односно многу домаќинства да останат без електрична енергија.

Сојузните американски држави и градови, вклучувајќи ги Њујорк и Бостон, веќе прогласуваат вонредна ситуација и ги прекинуваат секојдневните активности, како тестирање на вирусот корона. Граѓаните од Вирџинија до Мејн се предупредени да не патуваат кога временски услови се влошуваат.

Две лица настрадале во сообраќајни несреќи – еден маж во Вирџинија кога со автомобил излетал од патот, а друг во Пенсилванија кога бил усмртен од чистач на снег додека и самиот чистел снег, соопштила полицијата.

Големата бура се проширила од Колорадо до Мејн. Предупредувањето е издадено најмалку во 14 сојузни држави, а поради бурата видливоста ќе падне на нула во поедини области.

Си-Би-Ес њуз јавува дека ова е само почеток на бурата, а веќе предизвикала хаос. Поради лизгавите патишта се случиле многу сообраќајни несреќи.

Најмалку 27 возила учествувале во верижнен судир во Њујорк. Во сообраќајката биле повредени најмалку 6 лица, сообраќајот бил запрен а возачите биле советувани да заобиколат дел од градот во кој се случила несреќата.

„Ова ќе биде сериозна бура и луѓето тоа мора да го сфатат сериозно“, рекол во вторникот градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио.

„Ова би можело да биде најголемата бура во последните неколку години“, нагласил тој. Повеќе од 50.000 луѓе веќе се останати без електрична енергија, а бурата на многу локации во седум држави стопирала и тестирања на коронавирус.

x