Страшна глетка во Русија: Лавина затрупа неколку куќи и уби три лица- меѓу загинатите и бебе (ВИДЕО)

 Страшна глетка во Русија: Лавина затрупа неколку куќи и уби три лица- меѓу загинатите и бебе (ВИДЕО)

Лавина затрупа неколку куќи во ски центарот во близина на рускиот град Норилск и однесе три жртви. Спасувачите ја завршија операцијата за пребарување по неколкучасовни напори.

Според Истражниот комитет на Краснојарскиот регион, телата на три лица биле пронајдени во текот на ноќта – едно и пол годишно дете, неговата мајка и 45 годишен маж.

Под лавината, спасувачите пронајдоа и еден тинејџер, кој беше хоспитализиран во сериозна состојба. Повредени се уште две лица.

Како што претходно беше најавено, лавината погоди пет куќи и 50 спасувачи беа испратени на местото на настанот.

Лавината зафатила површина од околу 600 квадратни метри, а дебелината на снегот била три метри.