СТРАШНА СООБРАЌАЈКА КАЈ НИШ: Повредени се повеќе деца, на интензивна заврши девојче со повреди на главата

 СТРАШНА СООБРАЌАЈКА КАЈ НИШ: Повредени се повеќе деца, на интензивна заврши девојче со повреди на главата

Утринава во 5 часот на автопатот Белград-Ниш се случила тешка сообраќајна несреќа. Дел од повредените се борат за живот во Клиничкиот центар во Ниш.

Станува збор за девет лица, од кои четири се деца. Еден од возрасните патници, како што пишуваат српските медиуми е интубиран и има има повреди опасни по живот.  

Три девојчиња и едно момче (на возраст од 4, 14, 15 години) се исто така тешко повредени во несреќата, а едно од девојчињата е на интензивна нега и во моментов, како што информираат од Клиничкиот центар-Ниш, е на скенирање на главата.

Несреќата се случила во близина на Трупалски шуми, на околу десет километри од Ниш, кога патнички автомобил БМВ со швајцарска регистрација, управуван од 21-годишник, најверојатно сво обид да го престигне, удрил во комбе управувано од турски државјанин. БМВ-то е целосно уништено при судирот во предниот дел кај моторот, додека комбето е оштетено во задниот дел.

Потресни фотографии објави Курир.рс FOTO: Kurir/D.D.I.

x