Страшни снимки од Австрија, луѓе се борат за живот со поројот (ВИДЕО)

 Страшни снимки од  Австрија, луѓе се борат за живот со поројот (ВИДЕО)

Силно невреме погоди денеска делови од Австрија, а во текот на ноќта, некои места беа целосно поплавени. Областите околу Халејн и Куфштајн се под вода.

Властите на провинцијата Салцбург го повикаа населението да не ги напушта своите домови и да не се симнува во гаражите и подрумите, и никако да не се приближува до реките.

Во покраината Тирол, пожарникарите имаа вистинска борба со поплавите, поројните води и одроните на земјиштето. На територијата на општината Куфштајн, поројните води носеа автомобили, но и луѓе. Социјалните мрежи се преполни со видеа на кои се гледаат застрашувачки сцени.

Поплавите беснеат во Белгија, Холандија и од вчера во Австрија. Досега животот го загубија вкупно 183 лица.

x