Стравична експлозија во зграда во Русија: Спасувачите бараат луѓе под рушевините

Стравична експлозија во зграда во Русија: Спасувачите бараат луѓе под рушевините

Во експлозија која се случила во станбена зграда во Русија, во градот Набережни Челни, се стравува дека има затрупани луѓе под рушевините, пренесуваат руските медиуми.

Во петкатна зграда во рускиот град оддалечен околу 930 километри источно од Москва, дошло до експлозија, соопштиле денес службите за вонредни ситуации.

Дел од петкатната зграда е оштетен, а засега како можна причина се споменува истекување на гас.

Медиумите наведуваат дека најмалку четири лица се повредени.

“Според првичните информации, 32 лица се евакуирани. Четири лица се повредени, но се спасени и предадени на спасувачките екипи”, велат од ТАСС.

Спасувачите стравуваат дека неколку луѓе останале под рушевините, а се наведува дека едно лице е извлечено.

Експлозијата ги зафатиле четвртиот и петтиот кат од зградата, а се додава дека 6 станови се оштетени.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds