Струга добива нови корпи за ситен отпад

 Струга добива нови корпи за ситен отпад

ЈП Комунално-Струга деновиве започна со поставување на новонабавените метални корпи наменети за одлагање на ситни отпадоци.

Новите корпи за отпадоци се поставени на ул Маршал Тито-пред зградата на Оштина Струга се до кружниот тек на раскрсницата со ул Маркс Енгелс. Во наредните неколку дена поставувањето на новите корпи ќе продолжи по шеталиштето на кејот на реката Црн Дрим.

Со поставувањето на нови корпи се очекува во голема мера да се придонесе за подобрување на нивото на чистотата во град Струга.