Струга е пионерски ракометен шампион на Македонија

 Струга е пионерски ракометен шампион на Македонија

Струга го освои шампионскиот пехар во пионерското првенство, откако во финалето беше подобра од составот на КЛ7 со 23:18.

Екипата на Струга одлично го отвори натпреварот и по неколку минути игра имаше водство од 4:1. Ракометарите на КЛ 7 се обидуваа да фатат приклучок и да се вратат во игра, но цврстата одбрана на Струга не дозволуваше лесни голови.

Сепак, при крајот на првиот дел, КЛ 7 намали на два разлика 10:12, а на полувреме составот на Струга замина со предност од 13:12.

Во вториот дел, Струга се одлепи на 16:13 и најави освојување на шампионскиот пехар за оваа сезона. До крајот на натпреварот немаше поголеми промени. Струга успеа да ја сочува предноста и да се израдува на освоениот трофеј.

Металург со победата над Тиквеш од 30:22 го освои третото место во пионерската конкуренција. (Крај)

извор: 24 ракомет фото: РК Струга

>
>