Струга е следната пречка за Шкендија на патот до врвот на ПМФЛ-табелата

Струга е следната пречка за Шкендија на патот до врвот на ПМФЛ-табелата

Бранителот на титулата во ПМФЛ, Шкендија, започна да игра на очекуван начин и врза три победи првпат во тековната сезона. Тоа им овозможи на тетовчани да се искачат на третата позиција на табелата и да го продолжат притисокот врз водечкото дуо.

Одличната серија и форма избраниците на Ернест Ѓока ќе се обидат да ја продолжат на незгодното гостување кај Струга Трим Љум. Новајлијата во лигата знае да изненади фаворити пред домашните навивачи, па пристапот на „црвено-црните“ за овој меч ќе биде и тоа како претпазлив.

На првата средба во Тетово, фаворитот ја оправда фаворитската улога, победувајќи со головите на Марјан Радески и Бесарт Ибраими.

Позитивните резултати на домашен терен на стружани им донесоа место надвор од опасната зона на табелата. Тоа се чини е целта на клубот, да се избори за опстанок во најсилната македонска лига. На последните два меча на својот стадион, Струга освои шест бода, но ќе биде пред голем тест против разиграната Шкендија.

Дуелот се игра денес со почеток од 13:00 часот, а Дејан Јакимовски ќе биде задолжен да ја дели правдата.

Извор:gol.mk

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds