Струга ги решава проблемите со водоснабдувањето

 Струга ги решава проблемите со водоснабдувањето

Струшкото јавно претпријатие Водовод и канализација работи на решавање на долгогодишните проблеми со водоснабдувањето.

Се врши замена на старата и нефункционална вентилација со нови вентили.

-Работниот тим на ′′ НП Водовод и канализација-Струга “, денеска во село Моровишта започна со работа на промена на стари вентилатори, кои веќе подолг временски период се надвор од функција.Со инсталацијата на нови вентили ќе се овозможи решавање на проблемот со недостиг на вода, каде за време на различни дефекти во водоводната мрежа, треба да недостасува само оној дел од населбата каде се наоѓа дефектот, информира директоот Дашмир Насуфи. 

Поради работните зафати денес  ќе има недостиг на вода на неколку локации во струшко. 

– Ве известуваме дека утре, 17.03.2021 (среда), од 09:00 до 13:00 часот ќе има недостиг на вода на следните локации: Индустриска зона-Струга, село Моровишта, село Драслајца, Горен и Долен Татеш, село Враништа, село Ложани, село Биџово, Ново Село и село Ливада, стои во информацијата на  „ЈП Водовод и Канализација-Струга“.

извор:OhridNet

>
>