Струга испрати хуманитарна помош за повредените од земјотресот во Албанија
Денес, на иницијатива на група на граѓани, во Струга успешно се заврши хуманитарната акција за повредените во земјотресот во Албанија.
Во оваа хуманитарна акција беа дел многу луѓе, како од градот Струга така и од околните села. Многу возила пристигнуваа и ја оставаа својата помош, а на теренот беше присутна и волонтерска екипа која им помагаше на сите оние при истовар на помошта.
Донесоа повеќе видови на помош, храна, течности, облека, покривки и многу други работи, кои ќе им се од помош на сите оние кои и вечеров ќе преспијат без покрив над глава, т.е. на оние кои останале без својот дом.
Им се заблагодаруваме на сите што учествуваа во оваа хумано дело, со цел да помогнат на оние кои некој изгубиле, без домот свој останале или со рани се здобиле.
Исто така им се заблагодаруваме на групата на граѓани за оваа иницијатива.





извор:Dubai-portal.com.mk