Струга казнети 5 возачи кои управувале под дејство на алкохол

 Струга казнети 5 возачи кои управувале под дејство на алкохол

При сообраќајни контроли извршени на подрачјето на СВР Охрид на 17/18.07.2021 година од 21 до 02 часот, полициските службеници констатирале 14 прекршоци од возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-05, Кичево-01).

Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Сообраќајните контроли во текот на летната туристичка сезона ќе бидат интензивирани, а целта е доследно почитување на сообраќајните правила и прописи и зголемување на сообраќајната безбедност на патиштата.

x