Струга ќе биде новогодишно украсена

Струга ќе биде новогодишно украсена

Покрај препораките за штедење електрична енергија, Општина Струга донесе одлука за новогодишно украсување на градот и предновогодишна програма за најмладите.

Општинскиот портпарол Беса Зиба информира дека предвиден е и предновогодишен концерт на учениците од основното и средното музичко училиште.

– Во рамки на новогодишните празници на крајот на годината, Општина Струга, приспособувајќи се кон заштедата на електрична енергија, поради актуелната криза, ќе организира забавна програма за децата и со децата од градинките, како и прошетка на Дедо Мраз низ градските улици, изјави Зиба.

Украсувањето на градот, појасни, ќе се врши со украси од лани и со поскромен буџет, кој треба да се гласа на следната седница на Совет.

Според предвиденото, светилки и новогодишни реквизити ќе блеснат низ централното градско подрачје, чаршијата, новото шеталиште и кејот на реката Црн Дрим.

Следејќи ги препораките за штедење струја, Општина Струга го исклучува уличното осветлување во градот и населените места, на што стружани бурно реагираат, плашејќи се за сопствената безбедност и за безбедноста на децата.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds