Струга ќе добие три пристаништа до крајот на годинава

 Струга ќе добие три пристаништа до крајот на годинава

IslBG

Струга треба да добие три пристаништа до крајот на годинава, со што ќе започне да се реализира долго најавуваната идеја за воспоставување бродска линија меѓу Струга, Охрид и Поградец во соседна Албанија.

Едното пристаниште ќе биде на сливот на реката Дрим, кај хотелот Дрим, а во план се уште две пристаништа – едно кај хотелите „Бисер“ и „Изгрев“ и едно кај „Езерски лозја“.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за DW најавува дека е во план да се набават и два брода со сончеви колектори, коишто нема да го загадуваат езерото.

– Веќе сме во фаза на одобрување на проектот, кој ги помина сите фази. До крајот на годинава се надеваме дека ќе започне и реализацијата на проектот, вели Мерко.

Охрид, Струга и Поградец треба да се поврзат со редовна бродска линија низ Охридското Езеро во рамки на програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Република Албанија, преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2. (Крај)

извор: DW 

x