Струга: Мотор излетал од коловоз и удрил во дрва

Струга: Мотор излетал од коловоз и удрил во дрва

Синоќа околу 19.05 часот на магистралниот пат Ќафасан-Струга, 26-годишен жител на с.Франгово, струшко, управувајќи мотоцикл „Сузуки“ со швајцарска национална ознака, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во дрва покрај патот.

Во незгодата, моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds