Струга нема слободни места за пациенти со Ковид 19

 Струга нема слободни места за пациенти со Ковид 19

Во струшката болница веќе нема слободни места за прием на пациенти кои се болни од Ковид 19. Бидејќи нема инфективен оддел, заразените од струшкиот регион се примаат на интернистички оддел. Таму лежат 13 пациенти, а има само 10 кревети. Од болницата стравуваат дека бројот на пациенти би можел да расте. Ситуацијата е алармантна и се  разработуваат план Б, ако дојде до пораст на бројот на болни.

„Со оглед на актуелната ситуација, со која ние секојдневно се соочуваме и поради порастот на бројот на пациенти, кои се ковид позитивни, ние наменски, друг дел во болницата немаме. Се надеваме на монтажната болница која треба да ја добиеме. Ако не ја добиеме, ние размислуваме за втора опција. Детското одделение, дел ќе го подготвиме за да ги сместуваме овие пациентите, кои ќе ни доаѓаат во иднина“, рече Мухамед Асани-директор на општа болница во Струга.

Асани вели дека ако детското одделение го преадаптираат, тогаш, детскиот оддел ќе се премести од сегашната локација. И во Охридската болница, скоро и да нема слободни места. На инфективното одделение сите 18 кревети се полни. Таму се сместени и пациенти кои се во тешка состојба и се на кислородна поддршка. Дополнително се полни и одделот за геријатрија, кој уште за време на првиот бран беше пренаменет.

„Сомнителните и недокажани, со полесна клиничка слика ќе бидат сместени во преадаптираните амбуланти во хируршкиот блок. Дел од хирургија го имаме преадаптирано, каде што можеме да примаме уште пациенти. И тука имаме уште неколку слободни места. А, недокажаните со потешка клиничка слика ќе бидат сместени во одделот за интерни болести, во собите за изолација. Кога ќе се докажат дека се позитивни, ќе се сместат или на инфективно или на геријатрија“, вели Горан Балев, директор на општа болница Охрид.

Вкупниот расположлив капацитет во болницата во Охрид ,со преадаптираните оддели, е 42 кревети, а веќе има 35 пациенти. Во овој град последните неколку дена бројот на заразени е двоцифрена. Дополнителен проблем за Струга е што веќе извесно време, во овој град е затворен пунктот каде што се земаа брисеви за Ковид 19, па жителите одат до Охрид.

Вкупниот расположлив капацитет во болницата во Охрид со преадаптираните оддели е 42 кревети, а веќе има 35 пациенти. Во овој град последните неколку дена бројот на заразени е двоцифрена. Дополнителен проблем за Струга е што веќе извесно време, во овој град затворен е пунктот каде што земаа брисеви за Ковид 19, па стружани одат до Охрид..Матичните лакари и во Охрид и Струга се жалат дека многу малку има слободни термини за тестирање, иако интересот бил многу голем. Избор: АЛСАТ М