Струга, општината казнета поради напади од кучиња

Секојдневно се зголемува сумата на пари која струшките локални власти треба да ги исплатат на свои сограѓани кои биле нападнати од кучиња скитници. Директорот на Јавното комунално претпријатие вели дека месечно до нив стигнуваат и по две извршни решенија и оти тужбените барања достигнале сума од стотина илјади евра. Последниот таков случај е со семејството Узеири од струшкото село Теферич. Ним во март и април лани, кучиња скитници на трипати им задавија овци и јагниња.

„…Имавме штета од 96 овци и штетата беше околу 11.500 евра. Сега го чекаме Комунално да ни ги исплати парите од штетата што ни ја направија кучињата скитници“, рече Реџеп Узеири-сопственик.

Но, директорот на претпријатието вели дека немаат пари за исплата на обештетувањата. Но, за целиот проблем вели дека настанува поради кучиња донесени од други региони.

„Поединци кажуваат дека на одредени локации се истовараат кучиња и од правец према Дебар и од патниот правец кон Охрид, дали е од Кичево или од други места, кај Евро хотел. Познавачите на локалните состојби кои се загрижени кажуваат дека и по 30 кучиња некогаш се истовараат“, рече Иван Клечкароски- директор на ЈП Комунално, Струга.

И граѓаните кои ги анкетираше Алсат велат дека проблемот со бездомните кучиња во Струга е сериозен.

„На машка плажа има многу кучиња, баш кај стадионот и доста се агресивни. Особено за понежниот пол и дечиња мали е страв да се помини.“

„Многу кучиња скитници има. Никој не води грижа за нив, а напаѓаат и луѓе… Некој не води сметка, дали општината или државата. И ги носат тука со комбиња, ги слегуваат и ги пуштаат низ градот да прават бељи“, реагираат стружани.

Инаку, Струга сè уште нема ниту стационар, ниту надлежна служба за третман на кучиња-скитници.

Мики Трајковски

Извор: Алсат

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds