• 18/09/2020

Струга со мерки против корона вирусот

 Струга со мерки против корона вирусот
loading...
Advertisement

Денес, во просториите на Општина Струга, на иницијатива на градоначалникот г. Рамис Мерк, шефот на кабинетот на Општина Струга свика итна средба со раководителите на локалните институциите за преземање мерки за превенција на вирусот KОВИД-19.

На состанокот присуствуваа:

1. Ресул Каба претседател на Советот на Општина Струга
2. Дашмир Насуфи шеф на кабинетот на градоначалникот на Општина Струга
3. Јетон Шаќири директор на ЈП Водовод и Канализација Струга
4. Мухамед Асани дирекотр на ЈЗУ Општа Болница Струга
5. Абдулкерим Камбери Командант на СП Струга
6. Иван Клечкароски дирекотр на ЈП Комунално Струга
7. Ристе Талески заменик командир на ТППЕ Струга

На средбата беа донесени овие заклучоци:

1) Да се почитуваат сите превентивни мерки и препораки донесени од Владата и Министерствотот за здраство.
2) Да се затвори граничниот премин Ќафасан.
3) Да се избегне движење во групи
4) Сите патници кои доаѓаат од земјите со висок и среден ризик треба да се задржат во само-изолација од 14 дена во нивниот дом и да избегнуваат контакт и посети со членови на семејството или други лица, и да пријават на 070/723 – 029 доколку почувствуваат симптоми.
5) Да се формира мобилна екипа кој ќе им стои на располагање на граѓаните 24/7.
6) Да се врши дезинфекција на неколку клучни точки во градот, на сите јавни површини, улиците и и шеталишта, како и влезот на Општата Болница, влезот и излезот на зелениот пазар и други точки кои се често фреквентирани.

7) Да се забрани влезот на странките во просториите на Општина Струга на неопределено време до понатамошно известување од страна на Владата, освен за итни случаи, со тоа што странките треба да се обратат на шалтер, да се јават на телефонскиот број 046 781 223 или да ни пишат на официјалната веб-страница на општината http://www.struga.gov.mk/write-to-mayor/

8) Пациентите од Дебар кои бараат да се лекуваат во Општата Болница во Струга прво ќе треба да добијат дозвола и препорака(со потпис) од тројца лекари и епидемиолог од Општата Болница во Дебар за да се избегне можно пренесување на вирусот КОВИД-19.

9) Територијална противпожарна единица да биде мобилна и на располагање на граѓаните 24/7.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга