
Струга, средношколците почнаа онлајн настава
Учениците во Струга одлуката за прекин на бојкотот велат дека ja донеле врз основа на епидемиолошката состојба во земјава и во консултациja со советот на средношколци од другите градови каде што имаше протести. Ова не значи дека се согласуваме со учење од далечина, велат од советот, но според нив, целта е да не се става во опасност ничиј живот.
„Откако ќе се смири епидемиолошката состојба ќе преземеме најбрзи чекори за да реагираме и да се вратиме во училишните клупи“, наведоа од Ораганизацискиот совет.
Ваквата одлука следува и по најавите од раководствата на училиштата во Струга дека ќе следуваат санкции за оние ученици кои нема да се вратат на настава, дури и исклучување. Во средното стручно училиште Нико Нестор, единствено со физичко присуство се изведува практичната настава и вежбите. Учениците се поделени по групи и доаѓаат еден или два дена во неделата.
„Тоа се наставни предмети кои мора да се реализираат во училиште, како практична настава во кабинети, работилници, лаборатории…“, рече Миле Попоски-директор на средно училиште “Нико Нестор“.
Настава има и во сите основни училишта и во селските средини во струшко, каде исто така делумно до минатата недела имаше бојкот. Но, поради слабиот интернет, на програмата се приклучуваат само мал број на ученици.
„Нашето училиште не поседува трофазна струја. Имаме монофазна струја откако е изградено училиштето од 1946 година. Струја немаме, а камоли интернет“, рече Зини Јонузи-раководител на училиште во Корошишта.
Сепак, во некои училишта сè уште има мал број на родите