Струга ТЛ не запира, го промовираше и Салиу!

Струга ТЛ не запира, го промовираше и Салиу!

Пајазит Салиу (27) е најновото име во таборот на Струга Трим Лум. Искусниот напаѓач е уште едно засилување во таборот на амбициозниот прволигаш кој има намера во следната сезона во ПМФЛ да не игра епизодна улога. Стружани донесоа неколку квалитетни засилувања, а Пајазит Салиу е еден од тие.

Инаку тој во минатото играше за Младост Царев Двор, потоа беше член на Работнички, Охрид, играше и за Лабуништа, но беше член на уште неколку клубови. Со него тренерот Срѓан Захариевски ќе има опција повеќе во својот напад.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds