
Струга Трим Лум Шкендија Академија Пандев и Брегалница во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија
Екипите на Шкендија, на Академија Пандев, на Струга Трим Лум и на штипска Брегалница се пласираа во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.
Шкендија без триумф во четвртфиналниот двомеч го елиминира Работнички. По ремито (1:1) во првиот меч во Тетово, денешниот нивни реванш заврши 2:2, па поради повеќе постигнати голови на гости, „црвено-црните“ останаа во игра за Куп трофејот.
Академија Пандев успеа да го одбрани минималниот триумф (1:0) над Шкупи на Чаир. Струмичани попладнево одиграа 1:1 на стадионот „Младост“ и обезбедија место во завршната четворка.
Фудбалерите на Струга Трим Лум како гости ја совладаа Ренова со 2:1 и ги елиминираа тетовци со оглед на ремито без голови во првиот меч.
Брегалница ја оправда фаворитската улога против Лабуништа. По победата со 1:0 во првата средба, штипјани вчера славеа и со 4:1 во реваншот и продолжија во полуфиналето.