Струга, украдени новогодишни украси, штета од неколку илјади евра

Новогодишни реквизити поставени на разни локации низ Струга се уништени, искинати, а дел од нив се и украдени. Штетата изнесува неколку илјади евра, а оштетувањето почнало уште откако новогодишните украси биле поставени. Во два наврати опремата била преинсталирана, но повторно била уништена или украдена и покрај тоа што е под електричен напон.

„Се работи за поголем дел на мрежи кои беа нафрлени на жбуновите по кејовите и истите веќе не се во функција. Добро е што не се случија некои трагични настани. Подобро воопшто да не светне новогодишно градот, отколку да имаме еден човечки живот“, рече Иван Клечкароски-директор на ЈП Комуналец, Струга.

Граѓаните се разочарани од некултурното однесување на некои поединци.

Јас ќе дадам решение. Градоначалникот на Струга треба да постави и да покрене иницијатива за поставување на камери во градот во сите улици, за да може да бидат фатени сторителите.“

„Не е убаво тоа да се прави во денешно време. Тоа е украсно за Нова Година и треба да се зачува. Можеби е и намерно…“, реагираат граѓаните.

Уништувањата и кражбите биле пријавени во полиција. Исти проблеми во Струга имаше и лани кога беше украдена дел од урбаната опрема за украсување, а дел беше уништена.

Извор:Alsat M

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds