Струга во автомобил му нашле марихуана

 Струга во автомобил му нашле марихуана

Вчера околу 14 часот, на патот Струга-Дебар, во близина на браната „Глобочица“, сопрен бил патнички автомобил „Голф“ со струшки регистарски ознаки , управуван од 26-годишно лице од струшкото село Велешта.

При преглед во возилото, полициските службеници пронашле и одзеле опојна дрога марихуана. – соопшти полицијата.

Возачот на возилото како и сопатникот (37) од струшкото село Долно Татеши, се приведени и по целосно документирање, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, информира СВР Охрид.

x