Струга:Две кривични поради продажба на Дрога

 Струга:Две кривични поради продажба на Дрога

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Р.(31) во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.10.2019 на пат с.Делогожда – с.Драслајца, струшко, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило во кое бил пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.М.(32) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.08.2019 на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што пронашле и одзеле таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA) и марихуана.

>
>