Струга:Исклучени од сообраќај 7 возила

 Струга:Исклучени од сообраќај 7 возила

На 09.09.2021 година од 12-16 часот, на подрачјето на Струга извршена е акциска сообраќајна контрола при што, полициските службеници контролирале 26 патнички моторни возила, 08 возила упатиле на вонреден технички преглед а кај 07 возила била констатирана техничка неисправност.

Тие веднаш се исклучени од сообраќај а против возачите, поднесени се прекршочни платни налози.

Поради погрешно паркирање на коловозна лента во Струга, со специјално возило „пајак“, подигнати се 09 моторни возила.

>
>