Струга:Кривична за инвеститор кој градел без одобрение

 Струга:Кривична за инвеститор кој градел без одобрение

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 51-годишно лице од село Октиси, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во текот на 2019, на катастарска парцела на ул.„Цветан Димов“ во Струга пријавениот, како инвеститор, без одобрение за градење издадено од надлежен орган, изградил објект од втора категорија за индивидуално домување.