Струга:Приведен криминалец по распишана потерница, кај него пронајден хероин

Струга:Приведен криминалец по распишана потерница, кај него пронајден хероин

На 03.05.2022 во 11.30 часот, полициски службеници од ОВР Струга го привеле Ф.Р.(36) од скопско Шуто Оризари. Приведувањето е извршено врз основа на претходно распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Скопје каде бил на издржување казна затвор во траење од 2 години и 10 месеци.

Притоа, кај него биле пронајдени и одземени две пакувања хероин и по документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок. Тој бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds