Струга:Семејното насилство во пораст

Струга:Семејното насилство во пораст

Пораст на семејното насилство во струшко. Иако во овој регион, жртвите претежно молчат, годинава 15 лица се охрабриле и пријавиле семејно насилство, што е двојно повеќе во однос на лани.

Причина за непријавувањето според социолозите се традициите кај населението,а карактеристично е и тоа што брачната заедница не е прекината во ниеден случај.Само една стружанка, годинава се охрабрила да поведе. бракоразводна постапка. Најчесто жртва е жената, но загрижува тоа што жртви се и малолетни деца.

Неодамна мајка го претепа осумгодишниот син затоа што момчето не сакало да проси, неа ќе и биде одземено родителското право.

„Полициските службеници ја приведоа несовесната мајка и во соработка со Центарот за социјални работи детето е пренесено во Мајчин дом во Скопје за понатамошна грижа. Проив мајката е поднесена соодветна пријава“, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Социолозите велат жените во регионот трпат и натаму живеат со насилникот, не бараат заштита, досега ниту една жртва од струшко не е сместена во регионалниот шелтер центар во Охрид.

„Од нашата работа и сознанија за лицата кои што имаат брачни, партнерски и семејни односи со елементи на насилство зборуваат дека оваа категоија на луѓе во Струга и Вевчани не така лесно се одлучуваат да пријават во нашиот Центар“, вели Мевмед Халили директор на Центарот за социјални работи П. Е. Струга.

Во регион со над шеесеттина илјади жители во 2020 година имало само 8 пријави на семејно насилство.

извор:OhridNet.com

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds