Струга:Сместувачките капацитети целосно резервирани!

 Струга:Сместувачките капацитети целосно резервирани!

Сите патишта овој викенд водат кон Струга. Од утрово голем број автомобили од другите градови од земјата влегуваат во Струга кој за продолжениот викенд за празниците Курбан Бајрам и Илинден ќе биде целосно исполнет.

Хотелските капацитети во Струга се речиси исполнети, а во приватното сместување се бара кревет повеќе.

Потврда за огромниот интерес за летување во Струга е најголемиот онлајн сервис за сместивање „Booking“, каде  за деновите од претстојниот викенд не може да се најде сместување .

Цените на сместувањето се различни и има за секој џеб.

Во хотелите, каде ова лето може да се летува и со ваучери коии ги издаде владата како мерка за помош на туристичкиот сектор во време на пандемија, цените во просек се движат од 30 до 70 евра, а во полуксузните сместувачки капацитети и над тоа.