Струга:Средба за решавање на проблемот со уличните питачи

 Струга:Средба за решавање на проблемот со уличните питачи

Денес на 03.06.2021 година во просториите на Муфтиството на ИВЗ Струга, беше организирана службена средба помеѓу Струшкото Муфтиство, полицијата, Центарот за социјална работа и Црквата.

Присутни на оваа средба беа, Муфтијата на Струга, мр. Салим еф. Сулејмани со неговите соработници, командирот и заменикот командир на струшката полиција, Абдулкерим Камбери и Перо Јовановкси, дирекорот на Центсрот за социјални работи во Струга, г. Мевмед Халили и претставникот на црквата “Свети Ѓорѓија“ во Струга, свештеникот Васко.

Целта на оваа средба беше проблемот со уличните питачи кој последно време прерасна во голем проблем во градот Струга. Се дојде до заклучок дека овие институции заеднички треба да дејствуваат против ваквата злоупотреба на оваа категорија на луѓе од други лица.

Муфтиството на ИВЗ Струга апелира до сите свои џематлии и до сите верници да направат разлика помеѓу вистинската садака и помош на оние кои имаат потреба од садака и просјаците кои ја злоупотребуваат оваа помош, а и тие самите се злоупотребени од други лица.Наскоро се очекува да се одржи уште една ваква средба.

>
>