Струшката болница ќе набави дигитален ултразвучен апарат во гинеколошко одделение со грант од Амбасадата на Јапонија

Струшката болница ќе набави дигитален ултразвучен апарат во гинеколошко одделение со грант од Амбасадата на Јапонија

Амбасадата на Јапонија додели вредна донација и на Општина Струга во рамки на Грант програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP).  Договорот за грантот  во Општина Струга го потпишаа Амбасадорот на Јапонија, г. Хиронори Савада и директорот на Општа болница Струга, д-р Арменд Арслани. Со доделените средства ќе биде набавен дигитален ултразвучен апарат во гинеколошкото одделение во струшката болница во вредност од  50.822 евра. Проектот за подобрување на медицинските услуги преку набавка на ултразвук систем за Јавна здравствена установа Општа болница Струга, има за цел да го подобри квалитетот на медицинската грижа за женското здравје. Новата опрема ќе ја подобри работата на Одделот за гинекологија во болницата.

Грантот е дел од проектот за подобрување на медицинските услуги што ќе го подобри квалитетот на здравствената заштита и ќе го скрати времето на преглед за речиси 200.000 пациенти од југозападниот регион. Благодарност  за придонесот и помошта од јапонскиот народ, особено за време на пандемијата. Се надевам дека во иднина нашата соработка ќе се продлабочува во интерес на граѓаните и за доброто на сите- изјави Арбреша Влаши, претседател на Советот на Општина Струга при потпишувањето на проектот.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds