
Струшки Црн Дрим потпиша со девет кошаркари во еден ден!
Новата сезона во кошаркарскиот шампионат на Македонија му дава шанса на кошаркарскиот клуб Црн Дрим од Струга да биде дел од македонската кошаркарска елита. Знаејќи дека нема доволно квалитетен ростер за Првата лига, управата се активираше на трансфер пазарот.
Стружани во еден ден офијализираа договор со девет кошаркари кои ќе го носат дресот на прволигашот. Нови членови на Црн Дрим се Христијан Радически, Михајло Арсовски, Андреј Атанасов, Ѓорѓи Зафиров, Мартин Ристовски, а нови договори потпишаа Андреј Настовски, Габриел Коскоски и браќата Петар и Васко Бојовски.
Црн Дрим се стекна со право за настап во Првата лига после прекинувањето на сезоната поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.