• 21/09/2020

Струшкиот суд е десеткуван – само десет судии останаа да судат

 Струшкиот суд е десеткуван – само десет судии останаа да судат
loading...
Advertisement

Струшкиот основен суд има сериозен проблем со недостатокот на судии и друг стручен кадар.Претседателот на судот Ифет Бајрамоски, за Алсат вели дека состојабата станува алармантна затоа што од предвидените петнаесет,во моментот работеле со само десет судии, вклучувајки го и претседателот на судот. Четворица од нив се пензионирале, а еден судија во меѓувреме починал.

„Тоа ќе значи дека работата на судиите ќе се зголеми. Претставува посебна тешкотија, бидејки  покрај недостаток на судии, овој суд кубури со недостаток и на стручни соработници, како и со други судски службеници без кои Судот не би можел нормално да ја обавува дејноста“, рече Бајрамоски.

Иако не очекува да има одлагање на предметите и судските процеси, сепак вели проблемот мора под итно да се реши..

„Имаме тројца судии на кои после истекот на 64 години возраст,им се продолжи мандатот пред три месеци.Судскиот совет донесе одлука за продолжување на мандатот на судиите, Адим Усеини, Фатмир Даути и Лазо Ѓаконоски, на по уште една година. Од шестмина судски полицајци сега имаме само четворица.Морам да ги попoлнувам тие места со одредени договори на дело“, додава Бајрамоски.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев за Алсат рече дека недостаток на судии има во повеќе судови низ државата и очекува да се реши со кандидатите кои завршуваат Академија на судии и јавни обвинители.

Мики Трајковски

Извор: Алсат