Струшките џудисти наградени на Меѓународен натпревар во Србија

Џудо клубот „Дрим “- Струга завчера настапи на Меѓународниот натпревар “„рофеј на град Вршац” во Вршац , Србија.
Во огромна конкуренција од петстотини натпреварувачи од шеесет и седум џудо клубови од дванаесет земји, струшките џудисти освоија два медали и пехар! Еден златен медал и пехар за победник во категорија и еден бронзен медал. Овие награди ги освоија Доријан Петкоски и Мишела Јаулевска.

Одличен настап имаа и: Теодор Петкпски, Анамарија Стојмиловска, Јован Џероски, Матео Мартиноски, Божидар Јулоски но не успеаа да се закитат со медал.
Џудо Клуб ДРИМ Струга и понатаму продолжува со успешната работа и производство на најдобрите џудисти во Македонија.
Извор:Strugaonline