Струшките триатлонци постигнаа одлични резултати на велосипетска трка во Маврово

 Струшките триатлонци постигнаа одлични резултати на велосипетска трка во Маврово

На 08.09.2021 во Маврово се одржа велосипетска трка каде што учествуваа и триатлонци од Триатлон клубот ,,3 Disciplines“ од Струга.

,,Нашите деца се натпреваруваа со натпреварувачи дури и по пет години постари од нив. Настапивме со 10 натпреварувачи и освоивме две трети места и едно второ место. Честитки до сите што пред се ја завршија трката на лошите временски услови.“ – изјави тренерот Никола Кутаноски.

Следен предизвик за нашите триатлонци ќе биде атлетската трка во Битола.

извор:Strugaonline

>
>