Стружанец „дивеел“ во бензинска пумпа кај Драслајца

 Стружанец „дивеел“ во бензинска пумпа кај Драслајца

На бензиска станица во струшкото село Драслајца, вчера дошло до инцидент, предизвикан од страна на 31-годишно лице од Струга, кое го нарушило јавниот ред и мир со карање, викање и непристојно однесување кон вработените. Пријавениот расфрлил и производи и дел од инвентарот во објектот.

При обид за негово приведување, тој се однесувал агресивно и кон полициските службеници .

Лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава.