
Стружанец физички нападнал сограѓанин со дрвен предмет
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 64-годишниот Ј.М. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
– Пријавениот, на 31-ви јануари 2021 година предизвикал вербална расправија со 50-годишниот М.К. од Струга, упатувајќи му закани, по што се обидел да го повреди со дрвен предмет, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид