• 24/09/2020

Стружанец избегал од домашна самоизолација

 Стружанец избегал од домашна самоизолација
loading...
Advertisement

Стружанец доби кривична пријава за прекршување на мерките за самоизолација поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

Станува збор за Ј.Ф. (37), од струшкото село Драслајца. Пред два дена при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициски службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за 14-дневна самоизолација. Тој, на 16 овој месец на граничниот премин „Табановце“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност, потпишал изјава дека доаѓа од Данска, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус Ковид–19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во селото Драслајца ќе спроведе задолжителна самоизолација.

Пријавениот, со непридржуввање до одредбите во изјавата ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус Ковид–19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.