Стружанец ќе биде кривично гонет поради кинење на гласачкото ливче

 Стружанец ќе биде кривично гонет поради кинење на гласачкото ливче

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „уништување на изборен матерјал“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 67 годишен жител на селото Октиси.

  • Тој, на 17.10.2021 година околу 14 часот, за време на одржување на локалните избори откако го остварил своето гласачко право на избирачко место во селото, го искинал гласачкото ливче и го фрлил до гласачката кутија, информираат од СВР Охрид. 
x