Стружанец на мотоцикл тешко повреди малолетничка во Охрид

 Стружанец на мотоцикл тешко повреди малолетничка во Охрид

Во попладневните часови на 2 септемеври во охридската полиција било пријавено дека на улицата АСНОМ во Охрид, мотоцикл марка „бмв“, управуван од (43) годишен жител од Струга, удрил во малолетен пешак од Охрид.

Во незгодата девојчето се здобило со тешки повреди, констатирани во болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

x