Стружанец нашол изгубен паричник со платежна картичка, па си подигнал пари од банкомат
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 43-годишниот М.Е. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 04.11.2019 на ул„Ристо Крле“ во Струга, оштетената, 65-годишната С.Ѓ., пријавила дека изгубила паричник со платежна картичка и пари. Пријавениот, истиот ден го пронашол паричникот и од банкомат со картичката противправно подигнал пари, информира МВР.