Стружанец неколку пати уплаќал за мебел, после некое време сфатил дека е измамен

 Стружанец неколку пати уплаќал за мебел, после некое време сфатил дека е измамен

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.А. (36) од с.Доброште, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 13.08.2019, И.К. од с.Радолишта, струшко, направил усмен договор со пријавеното лице за изработка на мебел, за што на пријавениот, по негово барање, во неколку наврати му биле уплаќани парични средства.

Бидејќи поминалo подолго време од договорот, a пријавениот не одговарал на телефонските повици, И.К. сфатил дека е измамен, при што му била причинета материјална штета од 335.500 денари.