Стружанец пронајден починат во својот дом

Стружанец пронајден починат во својот дом

Шесет и седум годишен стружанец е пронајден починат во својот дом во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски информира дека случајот во струшката полиција бил пријавен вчера во 13 часот и 30 минути.

  • При увидот, извршен од Јавен обвинител и полициски екипи, било констатирано дека, во собата каде било пронајдено 67 годишно лице, претходно настанал пожар, кој не се проширил во другите простории, појасни Димоски.

Лекар од Брзата помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds