
Стружанец пронајден во бессознание во својот автомобил
На 6-ти април 2022 година, околу 22:30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, во своето возило, во бессознание бил пронајден 49-годишен жител од Струга, а при преглед во возилото, пронајден е шприц со остатоци од течност.
– Со интервенција на екипа на Итната медицинска помош од Охрид тој е пренесен во медицинска установа за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Охрид. (Крај)