Стружанец со камион се судрил со полициски автомобил

 Стружанец со камион се судрил со полициски автомобил

Вчера во 09.15 часот на ул. „Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Љ.(27) од Струга и патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од А.А.(28) одСкопје.

Во незгодата, А.А. и сопатникот од возилото „рекстон“ се здобиле со повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.